Вкусен, а истовремено мнногу здрав рецепт за јунешко месо зготвено со зелка, целер и пиперка.

Зелката е богата со голема количина на витамин Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железото и го претвора во хемоглобин.
Овој рецепт за зелка со јунешко месо ќе го збогати вашето тело со витамини К, Б6, манган, калциум и препорачана дневна доза фолна киселина. Покрај тоа, оваа комбинација го зајакнува имунитетот, го стимулира варењето и го штити здравјето на срцето.
Потребни состојки:
- 600 гр јунешко месо (помасно)
- 1 стебленце целер
- 1 мала зелка
- 1 црвена пиперка
- 2 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- ½ лажица црвена пипер
- сол
- бибер
- сусам
- магдонос
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема вок тава на средна топлина и додадете го тенко исечканото јунешко месо и пржете 7-8 минути, или додека не порумени. Извадете го месото од тавата и додајте ги ситно исечканите зелка, целер и црвена пиперка.
Гответе 5-6 минути, или додека зеленчукот не омекне и стане крцкав. Додадете толчено лукче, црвена пипер, па посолете и побиберете. Добро измешајте. Додадете го јунешкото месо и сè измешајте. Можете да декорирате со сусам и магдонос.