Рецепт за мусака на полски начин

Полјаците мусаката ја прават со 4 видови зеленчук, мелено месо и миризливи зачини, а на крајот ја посипуваат со кашкавал.

За ручек ви предлагаме да направите вкусна мусака на полски начин.

Мусаката е традиционално јадење кое се прави од мелено месо и компири, а секоја земја има свој рецепт кој ова јадење го прави уште повкусно. Во Полска ја јадат така што ѝ додаваат разновиден зеленчук, а потоа сето тоа го посипуваат со кашкавал кој се развлекува кога ќе се испече. Интересно е што Полјаците, за разлика од останатите, не додаваат никаков прелив, а мусаката сепак им е сочна.

Потребни состојки:

  • 6-7 компири
  • 1 модар патлиџан
  • 800 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • 80 гр путер
  • 3 лажици масло
  • 2-3 домати
  • 100 гр кашкавал
  • 1 лажичка италијански зачин
  • 1 лажичка блага пипер
  • ½ лажичка коријандер
  • копар
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Модриот патлиџанот и компирите исечкајте ги на коцки, па истурете ги во тава. Зачинете со сол и бибер, а потоа посипете со италијански зачин, коријандер и пипер. Прелијте со растопен путер и убаво измешајте. Потоа ставете во рерна на 180°C околу 40 минути. За тоа време пропржете го сечканиот кромид, па додадете го меленото месо и зачинете по желба. Зеленчукот извадете го од рерна, па прелијте го со прженото мелено месо. Наредете ги исечените домати, па посипете со рендан кашкавал. Вратете во рерна уште 20 минути.

Тагови
реклама

Возачи, внимавајте: AI камери во Грција казнуваат празни совозачки седишта

Read more

Нови пораки откриени на судењето на родителите на Коста К.: Присутните во судницата шокирани од нивната содржина

Read more

Дали ви е топло или ви се гади по јадење? Причината може да ве изненади

Read more

Кинезите шокираа: Колку далеку може да возат електричните автомобили?

Read more

Рецепти

Пилешки џигер според грчки рецепт

Read more

Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички

Read more

Рецепт за лангош, унгарски мекици со лук, павлака и кашкавал

Read more

Бисквит пирамида: Десерт што се подготвува за само 15 минути

Read more

Магазин

  • play_arrow

Што ќе се случи со вашето тело ако правите 30 склекови секој ден?

Читај повеќе

Што ќе му донесе транзитот на Венера во Лав на вашиот хороскопски  знак?

Читај повеќе

Кога земањето суплементи прави повеќе штета отколку добро?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто ни пречи кога некој ни влегува во личниот простор?

Читај повеќе

Пилешки џигер според грчки рецепт

Читај повеќе

Кога треба да вечерате за понизок холестерол и поздраво срце?

Читај повеќе

Онколог предупредува на една промена на телото што не смеете да ја игнорирате

Читај повеќе

Дали ви е топло или ви се гади по јадење? Причината може да ве изненади

Читај повеќе

Дали е подобро пешачење наутро или навечер за да се намали крвниот притисок?

Читај повеќе