Рецепт за најлуксузната паста со 18 состојки

Овој рецепт за бразилска паста е навистина пребогат со состојки и делува примамливо.

Ако некогаш сакате да се почастите со свечен ручек, а да нема печење, тогаш оваа бразилска паста е добра идеја. Што сѐ нема во тавата, дури и јаболко. Треба да се проба, бидејќи делува навистина вкусно.

Потребни состојки:

  • 300 гр фузили
  • вода
  • 1 лажичка сол
  • ½ зелена пиперка
  • ½ црвена пиперка
  • ½ кромид
  • ½ краставица
  • 1 јаболко
  • 1 зелен лимон
  • 1 лажица сенф
  • 4 лажици сок од лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажица соја сос
  • 3 лажици мајонез
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • 150 гр пченка
  • 340 гр туна

Подготовка:

Фузилите сварете ги на вообичаениот начин, па исцедете ги (во никој случај не ги полевајте со студена вода). Може да користите и друг вид на паста по ваша желба. Пиперките исечкајте ги на ситни коцки, а истото направете го и со кромидот и краставицата, додека јаболкото на малку покрупни.

Во сад ставете сенф, лимонов сок, маслиново масло, доматен сос, соја сос, мајонез, посолете, побиберете и измешајте за сето тоа убаво да се соедини.

Во друг поголем сад ставете ги исечканите зелена и црвена пиперка, краставицата, кромидот, додадете пченка, јаболкото, исцедете сок од еден зелен лимон и измешајте. Потоа сипете ја смесата која претходно ја подготвивте и убаво измешајте.

Фузилите ставете ги голем сад за сервирање, додадете им маслиново масло и промешајте. Истурете ја подготвената смеса и измешајте. Потоа додадете ја туната и повторно измешајте и ручекот е готов.

Remote video URL
Тагови
реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Рецепти

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Read more

Ребра глазирани со мед и пекарски компир

Read more

Виенски шницли со сос од печурки

Read more

Маринирано пилешко со зеленчук во ароматичен сос

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека на вашето тело му е потребен зголемен внес на електролити

Читај повеќе

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе