Редок диносаурус се продава на аукција во Париз, цената се очекува да надмине милион евра

Речиси комплетен скелет од диносаурус ќе се најде на аукција во Париз следниот месец. Камптосаурусот стар 150 милиони години бил откриен во 90-тите во американската држава Вајоминг.

Името Бери го добил по Бери Џејмс, палеонтологот кој го пронашол. Експертите велат дека скелетот е „исклучително добро сочуван“. Се очекува да достигне цена од 1,2 милиони евра на аукцијата која ќе се одржи во аукциската куќа „Drouot Paris“ на 20 октомври.

Бери датира од периодот на доцниот Јура и е висок 2,1 метри и долг 5 метри.

Александр Жикело од аукциската куќа Drouot Paris рече дека е невообичаено да се види таков недопрен скелет на диносаурус.

„Черепот е 90% цел, а остатокот од диносаурусот е 80% цел“, рече Жикело.

Продажбата на фосили од диносауруси е ретка, а мал број фосили од диносауруси се продаваат ширум светот секоја година, иако некои експерти изразија загриженост за примероците кои завршуваат во приватни раце.

Во април, тираносаурус рекс беше ставен на аукција за прв пат во Европа.

Зборувајќи за BBC во тоа време, професорот Стив Брусат, експерт за диносауруси на Универзитетот во Единбург, рече дека е загрижен дека скелетите, кои се „научно многу вредни“, би можеле „да исчезнат во трезорите на приватните колекционери“.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Вести

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Read more

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Read more

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Read more

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Read more
 

Гик

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Читај повеќе

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Читај повеќе

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Читај повеќе
  • play_arrow

Роверот Perseverance сними вител од прав на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонија произведе робот висок 4,5 метри, чини 3 милиони долари

Читај повеќе

Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно истражување откри која песна е најрелаксирачка

Читај повеќе