Редовното користење мобилен телефон не го зголемува ризикот од тумор на мозокот

Иако станаа дел од модерниот живот, со години се стравуваше дека мобилните телефони можно е да испуштаат радијација што предизвикува рак.

Сепак, една студија која следеше повеќе од 400.000 Британки во текот на изминатата деценија, не откри врска помеѓу редовното користење на мобилни телефони и распространетоста на рак на мозокот.

Студијата се надоврзува на сè поголемиот број докази против загриженоста околу поврзаноста на мобилните и канцерот, велат истражувачите. Кирстин Пири, статистички аналитичар и коавтор на студијата, рече: „Користењето на мобилен телефон во нормални услови не го зголемува ризикот од тумори на мозокот“.

Студијата е објавена во списанието Journal of the National Cancer Institute.

Теоретичарите на заговор долго време тврдат дека радиобрановите емитувани од мобилните телефони можат да навлезат во черепот и да предизвикаат рак при телефонирање. Тврдењата станаа уште посилни и погласни во последниве години со појавата на 5G мрежата.

Истражувачите од Оксфорд се потпираа на податоци за 400.000 жени без рак на возраст меѓу 50 и 80 години помеѓу 2001 и 2011 година. Учесниците беа прашани за употребата на мобилни телефони на почетокот и на крајот на студијата. Нивните одговори беа споредени со нивните здравствени досиеја во двата наврати.

Беа земени предвид неколку фактори за користење на мобилниот телефон

Истражувачите следеле дали испитаниците развиле три различни типови на тумори на мозокот: менингиом, аденом на хипофизата и акустичен невром. Беа земени предвид и други фактори кои може да придонесат за појава на тумори, како што се возраста, BMI (индекс на телесна маса), внесот на алкохол, пушењето и количината на вежбање.

Резултатите покажале дека луѓето кои користеле мобилен телефон 10 години всушност имале 5 отсто помали шанси да развијат рак на мозокот од оние кои никогаш не користеле во тој период.

Сепак, жените кои секојдневно користеле мобилен телефон во тој период имале малку поголема веројатност да развијат тумори на мозокот - околу 1 процент. Експертите велат дека малите разлики во ризикот помеѓу групите биле статистички незначителни.

Така, од 286.387 жени кои никогаш не користеле мобилен телефон од 2001 година, 1.261 развиле тумор на мозокот до 2011 година - стапка од 0,44 проценти.

Од 556.131 кои го користеле, 2.278 имале тумор на мозокот до крајот на студијата (0,41 отсто).

Пири, експерт за рак од Оксфорд, рече: „Овие резултати се надоврзуваат на сè поголемиот број докази дека користењето мобилен во нормални услови не го зголемува ризикот од тумор на мозокот“.

Мобилните уреди емитуваат радиофреквентни бранови во форма на електромагнетно зрачење од нивните антени. Областа на телото најблиску до антените, обично главата, има потенцијал да апсорбира дел од оваа енергија.

Сепак, многу научници тврдат дека ова зрачење не е јонизирачко, што значи дека е нискоенергетски, ниска фреквенција и не ги оштетува клетките, за разлика од рендгенските зраци, пишува The Daily Mail.

Тагови
реклама

Како се препознава лажен мед без да се отвори теглата?

Read more

Помрачување на Месечината на 18 септември - најтешкиот ден во годината

Read more

Паника меѓу производителите на автомобили

Read more

Отстранете го тврдоглавиот бигор со две природни состојки

Read more

Здравје

Одредена исхрана во бременоста може да го изложи бебето на дијабетес и срцеви заболувања

Read more

Пет изненадувачки намирници кои го зголемуваат шеќерот во крвта и предизвикуваат дебелеење

Read more

Симптоми на анксиозност кои луѓето ги мешаат со симптоми на инфаркт

Read more

Кои се четирите главни симптоми на новата варијанта на Ковид?

Read more
 

Магазин

4 услови се неопходни за среќна и долга врска

Читај повеќе

Одредена исхрана во бременоста може да го изложи бебето на дијабетес и срцеви заболувања

Читај повеќе

Симнете 5 килограми за еден месец: Како технологијата може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Валјак за боја за безгрижно сончање на плажа

Читај повеќе

6 знаци дека мажот како дете не бил воспитан да ги почитува жените

Читај повеќе

Како најсмрдливото овошје во светот го поскапува кафето?

Читај повеќе

Пет изненадувачки намирници кои го зголемуваат шеќерот во крвта и предизвикуваат дебелеење

Читај повеќе

Симптоми на анксиозност кои луѓето ги мешаат со симптоми на инфаркт

Читај повеќе

Рецепт на денот: Свинско филе во сос од бело вино

Читај повеќе