Рекорд: Според документите, Индиец има 123 години и еден месец

Њу Делхи, 9 октомври 2019 (МИА) – Индиецот Свами Сивананда неодамна се појави на аеродромот Калкута и со својот пасош ги изненади вработените таму. Имено, во документите се наведува дека човекот е роден на 8 август 1896 година, односно сега има 123 години, што го прави највозрасниот човек во историјата.

Сивананда е израснат во семејство на индиски духовен учител. Тврди дека неговата длабока старост се должи на јогата, целибатот и храната без зачини.

Тој се појавил на аеродромот со намера да отпатува од Индија за Велика Британија. Но, податоците го привлекле вниманието на пасошката контрола, тие ја провериле исправноста на патниот документ и утврдиле дека тој е потполно функционален, но се појавил и сомнеж дека можеби податоците не се точни.

Сивананда им објаснил дека неговите биолошки родители го напуштиле кратко по раѓањето, грижата за него ја презел друг, па неговите податоци околу датумот на раѓање се впишани потоа.

Доколку пак, неговите податоци се точни – тој би бил најстариот човек во светот. Засега таа титула ја држи Французинката Жан Калман која почина 1997 година кога имаше 122 години и 164 дена.

Претставници на Гинисовата книга на светски рекорди го разгледуваат случајот и истакнаа дека докажувањето на староста на човекот, нема да биде едноставно.

реклама

Маск: Време е Amazon да се разбие

Read more

[КАЈГАНА интервју] Себастијан Ерера - наскоро колумбиски шмек во репрезентацијата на Македонија?

Read more

Задолжителен 14-дневен карантин во Бугарија за наши државјани при влез во таа земја

Read more

Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но не сакав

Read more

Живот

Wizz Air до 14 јуни нема да има летови до и од земјава

Read more

Фјури со лична приказна за расизмот: Ме дискриминирале бидејќи сум чергар

Read more

Педофил осомничен за киднапирање на малата Меделин, 13 години по нејзиното исчезнување

Read more

Сопругата на Дерек Шовен бара да си го смени презимето во разводот

Read more

Магазин

  • play_arrow

Осврт на „Музеј на невиноста“ од Орхан Памук

Читај повеќе

Предлог за ручек: Салата со кускус, домати и моцарела

Читај повеќе

Нордиска или медитеранска диета – која е подобра?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 рецепти за крофни

Читај повеќе

Wizz Air до 14 јуни нема да има летови до и од земјава

Читај повеќе

Фјури со лична приказна за расизмот: Ме дискриминирале бидејќи сум чергар

Читај повеќе
  • play_arrow

Студија за коронавирусот: Децата ретко се преносители на заразата

Читај повеќе

Предлог за ручек: Пролетни ролнички со зеленчук

Читај повеќе

Пронајдена досега најстарата градба на древните Маи

Читај повеќе