Здравствените власти во Токио објавија дека бележат рекорден број на новозаразени и асимптоматски случаи.
Директорот на Националниот центар за глобално здравје и медицина во Токио, Норио Омагари изјави дека бројот на заразени пациенти ги надмина досегашните рекорди, се зголемува и бројот на заразени млади луѓе и асимптоматски случаи.
Според неговите зборови, стапката на заразеност во Токио е во црвена фаза што е највисок степен од четирите нивоа во системот на мерење.
Тамошните власти ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни бидејќи ситуацијата е многу сериозна.
Тие се плашат за да не се прошири заразата низ целиот град па поради тоа ја суспендираа кампањата за зајакнување на домашниот туризам.
Во Токио бројот на заразени е поголем од 200 во изминатите 4 дена.