ФИФА РАНГ-ЛИСТА НОЕМВРИ 2023

Ремито со Англија доволно за скок од само едно место на ранг-листата на ФИФА

Филип Здравески
/ 30.11.2023 / 13:20

Македонската фудбалска репрезентација мрдна само едно место напред на ноемвриската ранг-листа на ФИФА, објавена денеска.

Фото: ФФМ

Месецов „Рисовите“ одиграа два квалификациски натпревари на кои прво запишаа 5:2 дебакл од Италија во Рим, а потоа одиграа 1:1 со Англија во Скопје.

Со оглед на тоа што Англија во моментот беше на високото 4. место на листата, сите очекуваа поголем скок на Македонија, но тоа не се случи, па „Рисовите“ напредуваа едвај незабележително едно место и сега се на 65-тата позиција. Македонија има 3,76 поени повеќе од октомври, односно вкупно 1362,17.

Англија исто така скокна само едно место, но за нив тоа значи влез во топ 3 бидејќи сега се трети. Англичаните првпат по 2021 година се на оваа позиција.

Италија, пак, остана на 9-тото место, кое го држи од септември.

Во топ 10 има мали промени со замена на места на некои репрезентација, но нема промени во однос на тоа кои се внатре бидејќи никој не влезе и никој не излезе.

URL
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе