Резултати од пописот: 58,44% Македонци, 24,30% Албанци, дури 21,32% не се ни православни ни муслимани

Вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1.836.713 жители. Од нив, 50,4% се жени, а 49,6% се мажи.

 
Според возрасната структура, најголем процент од населението 7% - се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.
 
Според изјаснувањето за етничка припадност, процентуалната застапеност е следна:

  • 58,44% - Македонци
  • 24,30% - Албанци
  • 3,86% - Турци
  • 2,53% - Роми
  • 1,30% - Срби
  • 0,87% - Бошњаци
  • 0,47% - Власи
  • 8,23% - останати

 Според религиската припадност, процентуалната застапеност е следна:

  • 46,14% - православни
  • 32,17% - муслимани
  • 0,37% - католици
  • 21,32% - останати (атеисти, евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други)

Според мајчиниот јазик, процентуалната застапеност е следна:

  • 61,38 % - македонски
  • 24,34 % - албански
  • 3,41 % - турски
  • 1,73 % - ромски
  • 0,85 % - босански
  • 0,61 % - српски
  • 0,17 % - влашки

Бројот на домаќинства изнесува 598.632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3,06.
 
Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис.
 
Оваа можност ја искористија 258.932 наши сонародници од кои 24,55% се изјаснија како Македонци, 66,42 % како Албанци, 4,78% како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Северна Македонија.
 
Мноштво детални податоци од Пописот 2021 можете да најдете во Макстат базата на податоци на веб-страницата www.stat.gov.mk каде што во наредниот период ќе се објавуваат сетови на табели со податоци од Пописот 2021.

За да ги преземете табеларните податоци со резултатите, кликнете тука.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе