Поп пејачката Ријана отсега и официјално е милијардерка и најбогата музичарка во светот, покажуваат податоците на Forbes.
Таа „тежи“ 1,7 милијарди долари, а нејзината компанија Fenty Beauty вреди 1,4 милијарди долари, пренесе BBC. Остатокот од нејзиното богатство доаѓа од компанијата Savage X Fenty, која вреди околу 270 милиони долари. Тука е и нејзината заработка од музиката и од глумата.
Ријана е втората најбогата жена по американската водителка Опра Винфри, која е најбогатата жена во светот во областа на забавата.
Ријана, чие вистинско име е Робин Фенти, го започна бизнисот со Fenty Beauty во 2017 година заедно со LVMH на Бернар Арно, кој сега е најбогатиот човек во светот.