КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Ристовски: Украина не ја сметаат за фаворит, за мене и тоа како е фаворит

Филип Здравески
/ 15.06.2023 / 14:39

Капитенот на македонската репрезентација беше на денешната прес-конференција и ги искажа своите впечатоци и очеклувања за утрешниот натпревар против Украина.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Стефан Ристовски има голема почит кон репрезентацијата на Украина, за која, како што вели, настапуваат одлични играчи кои играат во големи клубови.

„Украина е една од селекциите која ја сметаат за, во наводници, нефаворити, но по мене според играчкиот кадар се и тоа како фаворити. Се работи за одлична репрезентација која знае што прави и која игра одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а одигравме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен натпревар“, рече македонскиот капитен.

„Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат“, додаде.

Македонија и Украина играат в петок од 20:45 на Националнната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на MKTickets, а од синоќа работи и билетарницата на стадионот. На денот на натпреварот таа ќе работи до 16 часот.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе