Ривалот на Путин доби 25 години затвор

Макфакс
/ 17.04.2023 / 12:11

Опозицискиот руски политичар Владимир Кара-Мурза е осуден на 25 години затвор за предавство и други обвиненија поврзани со критикување на војната во Украина. Поранешниот руско-британски новинар и политичар е последниот во низата противници на Путин кои завршија во затвор или беа принудени да избегаат од Русија, пишува BBC.

Кара-Мурза ги отфрли обвиненијата и го критикуваше процесот на судење.

„Стојам зад секој збор што го кажав. Не само што не жалам за ништо, туку горд сум на сѐ што кажав и направив“, рече тој минатата недела пред судот во Москва, додавајќи дека неговото судење потсетува на судењата на Сталин во 30-тите.

Тој е 41-годишен татко на три деца, кој поминал години спротивставувајќи се на политиката на рускиот претседател Владимир Путин и кој лобираше кај странските влади и институции да воведат санкции против Русија и поединечни Руси за наводно кршење на човековите права.

Тагови
реклама

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе