РКЕ: Од ноќеска на полноќ ќе се точат горива по поевтини цени

Бензините од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, додека дизелот поевтинува за шест денари по литар, соопшти попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од 15.03.2022 година, се вели во соопштението од РКЕ.

Согласно Одлуката, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари по литар, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар по килограм и сега ќе изнесува 56,749 денари по килограм.

-Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм), се наведува во соопштението од РКЕ.

Од РКЕ  посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,533 отсто, кај дизелот за 7,922 проценти, кај екстра лесното масло за 7,911 отсто и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,928 проценти.

Од РКЕ воедно  потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе