Роби Вилијамс: Во мојата глава имам болест која сака да ме убие

Славниот пејач Роби Вилијамс јавно зборуваше околу својата борба со менталната болест и своето ментално здравје. Пејачот кој има милиони обожаватели ширум светот, во едно големо интервју кое го даде за британскиот таблоид „The Sun“, истакна дека со ментални проблеми се бори веќе подолг временски период.

„Јас имам болест која сака да ме убие и која се наоѓа во мојата глава, па затоа морам да се заштитам од тоа. Понекогаш потполно ќе ме преплави, а понекогаш го претставува токму она што ми е потребно на сцената“, вели Вилијамс.

„Но, поголемиот дел од времето сум сосема нормален и водам еден нормален живот. Се обидувам да се изборам со искушенијата и неволјите кои се случуваат меѓу моите уши“, додава музичарот.

На 19 годишна возраст Роби за прв пат забележал дека има проблеми со менталното здравје.

Во текот на раните дваесетти успеал да се отрезни, но подоцна, во неколку наврати, им се враќал на алкохолот и дрогите. Конечно, на својот 33 роденден, во 2007 година, Роби Вилијамс оди на рехабилитација, убеден дека го делат „само 24 часа од смртта“.

Тогаш се соочувал со анксиозност, проблеми со тежината и страв од настапи.

Покрај за своето здравје, Вилијамс во интервјуто зборува и за својот голем пријател и идол Џорџ Мајкл, за кого вели дека многу му недостига, како и тоа дека смртта на Мајкл го натерала да си го преиспита својот живот.

„Дали тоа беше 2016 година кога сите починаа? Тоа беше ужасна година, тогаш речиси секој го загуби својот херој. И тогаш, со 43 години и две деца, наеднаш сфаќаш дека не си бесмртен“, вели Роби.

„Она што јас го поминував, беше многу многу близу...Многу пати бев многу, навистина многу блиску... Тоа беше сличен ролеркостер, навистина. Ми недостига Џорџ, би сакал да е овде“, вели тој.

Кон крајот на минатата година, Роби Вилијамс беше принуден да откаже турнеја. Тогаш поминал една недела на интензивна нега, откако претходно докторите му пронашле абнормалност во мозокот, која „наликувала на крварење“.

„Болеста конечно ме натера да сфатам дека имам 43 години, бидејќи дури и ако имаш се што јас имам не си непобедлив. Од сега многу посериозно ќе се грижам за своето здравје“, заклучува Роби Вилијамс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе