УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2021/22

Роде ја покажа огромната посекотина по крвавото финале во Лига Европа

„Важно е што пехарот го однесовме дома“, напиша Зебастиан Роде објавувајќи непријатна фотка од неговото чело, небаре бил во некоја гладијаторска битка.

Понекогаш успехот бара голема жртва, а тоа синоќа најдобро го почувствува 31-годишниот капитен на Ајнтрахт од Франкфурт, новиот победник на Лига Европа.

Ајнтрахт славеше над шкотски Ренџерс на пенали откако натпреаврот по 120 минути игра беше 1:1. Но, тоа беа болни минути игра за Роде бидејќи уште во 6. минута доживеа болна повреда.

При еден обид да ја удри топката со глава во неговото чело заврши копачката на Англичанецот Џон Лундстрам. Лицето на Роде набрзо го облеа црвена крв, па следуваше неколкуминутен прекин додека лекарската екипа го средуваше осакатениот Германец.

Remote video URL

Роде се врати во игра и остана до 90-тата, кога беше заменет.

Потоа дочека да го крене победничкиот пехар за кој неговите соиграчи се изборија со победа од 5:4 на пенали, каде трагичар беше Арон Ремзи кој беше единствен кој промаши.

Remote video URL

Роде на социјалните мрежи објави фотографија од тоа како сега изгледа неговото чело, и напиша: „Важно е што пехарот го однесовме дома“.

И тоа како е важно бидејќи Франкфурт дочека европски пехар прв пат по 1980 година.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе