КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Родри: Шкотска игра срање фудбал

Шпанија синоќа сензационално падна во Шкотска, па очигледно нервозниот капитен реши утеха да бара во начинот на кој домаќините го трошеле времето.

Шпанците во Глазгов отпатуваа откако фуриозно ја средија Норвешка (без Ерлинг Холанд) со 3:0, но заринкаа на „Хампден Парк“. Шпанија 19 натпревари во низа немаше пораз во квалификациите за Европско првенство. Последниот таков пораз им беше во квалификациите за ЕУРО 2016 кога во 2014 година загубија од Словачка со 2:1.

Шкотланѓаните беа на крилјата на јунакот Скот МекТоминеј кој ги постигна двата гола, иако игра на позицијата дефанзивен играч од средината.

Капитенот на Шпанија, Родруго Ернандес Касканте, попознат како Родри, воопшто не беше импресиониран од победата на Шкотите. Напротив, дури и јавно ги критикуваше.

„Направивме многу добри работи, но не дадовме гол, а примивме лесни голови. Таков е фудбалот. Кога тоа ќе ти се случи добиваш казна“, почна капитенот.

„Така играат тие. За мене тоа е срање. Цело време само задржуваат време. За мене тоа не е фудбал. Судиите требаше да сторат нешто, но молчеа. Сигурен сум дека ќе ја научиме лекцијата за нареден пат. Сакаме да се бориме, да влегуваме во дуели. Ние сме борбена екипа, а тоа што тие го прават не е борба. Четири-пет играчи лежат на терен, но тоа е до судијата, не е до нас“, заврши бесниот Родри.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе