Романот „Осмото светско чудо“ на Јордан Плевнеш промовиран на англиски јазик во САД

Вашингтон, 18 ноември 2019 (МИА) – Македонскиот писател и драматург Јордан Плевнеш во Писателскиот центар во Бетезда во Вашингтон го претстави англиското издание на неговиот роман „Осмото светско чудо“.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, романот напишан во 2006 година е издаден на повеќе светски јазици и ова е негово првo издание за англиски јазик, во превод на Вил Фирт како „The Eighth Wonder of the World“. Издавач е Plamen Press.

– Дејството на романот се случува во Берлин во 1989 година, во периодот пред падот на Берлинскиот ѕид. Затоа е мошне пригодно што промоцијата (на англиски јазик) на ова издание го правиме среде чествувањата по повод 30-годишнината од овие настани, увертира во крајот на Студената војна, изјави издавачот.

The New York Times за делото на Плевнеш напиша дека „авторот ги сопоставува насилството во историјата на Европа со убавината на нејзините драмски трагедии. Сцени од литерарните канони на Есхил, Шекспир и Бекет се преплетуваат со расказ на еден автор“.

– Плевнеш е магионичар кој ја обединува и формулира вечноста на љубовта со трагичните слики од светската историја, оценува Publishers Weekly.

реклама

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе