Ромарио: Подобар сум и од Марадона и од Меси

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Ромарио, коментираше кој е подобар: Лионел Меси или Диего Марадона? Неговиот одговор нескромно го сврти кон себе.

Тој смета дека Марадона е подобар од Меси бидејќи има освоено Светско првенство, но додаде дека ни едниот, ни другиот не е најдобар.

„Лионел не може да биде подобар, бидејќи Марадона има освоено Мундијал. За да го надмине, мора да го освои пехарот на Светското првенствп. Меси игра добро само за Барселона, а не го прави истото за репрезентацијата на Аргентина“, изјави Ромарио за бразилски Fox Sports.

Меси за Барса има постигнато повеќе од 500 гола, а Марадона во кариерата има дадено 312. Поранешниот бразилски ас, добитник на Златна топка и светски шампион во 1994 година нескромно изјави дека тој е поуспешен од двајцата Аргентинци.

„Тие се одлични играчи, ама јас бев пред нив. Тоа навистина го мислам и го кажувам со голема понизност“, рече Бразилецот кој тврди дека има постигнато 1.000 гола во кариерата, иако статистиката на ФИФА покажува бројка од 929 гола.

Во изборот меѓу Меси и Марадона, тој дава трета опција, намерно или ненамерно, негов сонародник.

„Денес, во однос на тоа како игра и за клубот и за репрезентација, сметам дека најдобар на светот е Нејмар“, рече Ромарио кој изминативе години се занимава со политика.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе