Ромски семејства се соочуваат со присилно иселување од прифатниот центар во Визбегово

Скопје, 30 март 2022 (МИА) – Хелсиншки комитет за човекови права денеска информира дека неколку ромски семејства се соочуваат со враќање во состојба на социјален ризик, откако добиле решение од Министерството за труд и социјална политика да го напуштат привременото живеалиште во прифатниот центар во Визбегово.

Тие се сместени во привремените живеалишта од 2018 година, а дотогаш живееја на отворено, под тврдината Кале. Семејствата наведуваат дека од МТСП добиле известување дека треба да ги напуштат времените објекти најдоцна до утре, а во спротивно ќе се изврши нивно присилно иселување. Станува збор за семејства со малолетни деца, кои се вклучени во образовниот процес во училиштето во Визбегово.

Хелсиншкиот комитет за човекови права минатата недела се обрати до МТСП со барање за изнаоѓање алтернативно решение за овие семејства, но иако се работи за временски сензитивен проблем, Министерството сѐ уште не доставило одговор.

Правната советничка од Хелсиншкиот комитет Тона Карева посочи дека со нивното иселување, без притоа државата да направи план на кој начин тие понатаму ќе се интегрираат во општеството, овие луѓе ќе завршат буквално на улица, а децата ќе бидат приморани да го напуштат образовниот процес и ќе бидат изложени на постојан ризик како лица бездомници.

-Целта на сместувањето на Ромите од Кале во привремените живеалишта во прифатниот центар во Визбегово е да им се помогне во нивно вклучување на пазарот на труд, социјална заштита и здравство, обезбедување на документи за лична идентификација, вклучување на децата во образовниот систем и да се изнајде трајно решение за нивно натамошно домување, со крајна цел нивно извлекување од сиромаштија, стои во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права наведува дека иселувањето во овој момент без ников план за помош при домување барем во одреден период по иселувањето од прифатниот центар, експресно ќе ги врати лицата во сиромаштијата во која живееа со години пред да бидат сместени во прифатниот центар. Овие семејства, како што се наведува, ќе останат на улица со малолетни деца, со сите ризици кои ги носи бездомништвото и сиромаштијата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе