Роналдо го урна рекордот на Даји: 111 репрезентативни голови!

Филип Здравески
/ 02.09.2021 / 09:15

Со двата гола во мрежата на Ирска, Кристијано Роналдо сега собори уште еден рекорд и тоа оној на славниот Иранец за најмногу голови во дресот со националните бои.

Прашање на време беше кога Роналдо ќе го надмине и легендарниот Али Даји кој со своите 109 голови за репрезентацијата на Иран долго време беше светски број еден.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by UEFA EURO (@euro2020)

Синоќа неговата Португалија се мачеше, губеше дома од Ирска до самиот крај, но тогаш на сцена стапи Роналдо. Прво во 89. минута по нафрлување на Гонсалу Гедеш скокна со глава и заби за 1:1.

Потоа, длабоко во судиското надополнување, во 6. минута, Жуау Мариу нафрли, а Роналдо повторно ја надвисна збунетата ирска одбрана и погоди за победа.

Remote video URL

Али Даји 15 години љубоморно го чуваше рекордот со 109 репрезентативни голови. Тој во својата играчка кариера од 1993 до 2006 одигра 148 натпревари за Иран и настапи на два Мундијала (1998 и 2006) и се зацементира како еден од најдобрите азиски фудбалери во историјата.

Роналдо својата репрезентативна авантура ја почна на 20 август 2004 година кога Португалија играше дома со Казахстан, а откако тогаш 18-годипниот Роналдо влезе во игра, Португалците успеаја да постигнат гол за победа. За првиот гол почека до ЕУРО 2004 и тоа на отворањето кога Грците приредија чудо и го совладаа домаќинот Португалија со 2:1, а токму единствениот гол за домаќините беше дело на Роналдо - во судиското продолжение и, нормално, со глава - начин кој се стане негов заштитен знак.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе