Јувентус и Аталанта вечерва ги поделија бодовите во Торино во рамките на вонредното 12. коло во најдобарта италијанска лига.
„Старата дама“ ја продолжи серијата без пораз, но по шести пат сезонава одигра без победник. Тимот на Андреа Пирло прв поведе со голот на Федерико Кјеза во 29. минута кога Уругваецот Родриго Бентанкур му асистираше.
Гостите од Бергамо до израмнувањето дојдоа во 57. минута преку капитенот Ремо Фројлер.
Само четири минути подоцна Јувентус пропушти одлична шанса повторно да дојде во водство бидејќи доби удар од белата точка по влечењето на Ханс Хатебур во казнениот простор. Кристијано Роналдо не успеа да реализира бидејќи Пјерлуиџи Голини го прочита и одбрани неговиот удар.
Јувентус сега има 24 бодови и барем до вечерва ќе биде на делба на второт место со Интер, додека Аталанта со 18 бодови моментално е осма.