Ручек за чиста 10-ка: Бело месо во сос од аспарагус

Ако до сега не сте пробале аспарагус, сега е вистинското време. Ви предлагаме да го направите во сос кој ќе го послужите со бело месо.

Полека завршува сезоната на аспарагус, па сега е вистинското време да го набавите од маркетите или на пазарите. Од него можете да ги направите некои од највкусните јадења, а нашиот предлог е бело месо во сос од аспарагус и грашок. Аспарагусот има специфичен вкус, но не премногу силен, па затоа на секое јадење му дава посебен шмек. Ако сакате ручек што ќе му се допадне на целото семејство, тогаш дефинитивно треба да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:

  • ½ шолја брашно
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • 2 пилешки филеа
  • 1 кромид
  • 5 чешниња лук
  • ½ шолја павлака за готвење
  • ½ шолја булјон
  • ⅓ шолја сок од лимон
  • 230 гр аспарагус
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 1 лажичка сенф
  • 1 нишка магдонос
  • масло
  • пармезан (опционално)

Подготовка:

Измешајте ги брашното, солта и биберот. Месото исечкајте го на тенки шницли, па покријте го и излупајте го со чекан за месо. Валкајте го месото во брашното, па пропржете го во тава во која претходно сте загреале малку масло. Извадете го месото од тавата, избришете ја со хартиена крпа, па ставете уште малку масло, додадете сечкан кромид, пржете додека не омекне и потоа додадете крупно сечкан лук. Потоа сипете ја павлаката за готвење, булјонот и лимоновиот сок. Гответе додека не почне да врие, па оставете го уште две минути за да се намали течноста. На аспарагусите исечете им ги краевите и додадете ги во сосот, како и замрзнатиот грашок. Измешајте и гответе додека не омекнат. Потоа додадете сенф и сечкан магдонос и посолете. Промешајте, па сосот прелијте го преку месото. Ако сакате на крајот можете и да посипете малку пармезан.

Бон апетит!

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе