Русија го затвори вентилот: Колку европски земји веќе не добиваат руски гас?

Прекинат е извозот на руски гас во Финска, потврди финската државна компанија Gasum, пренесуваат странските агенции.

„Многу е жално што сега ќе биде запрено снабдувањето со природен гас според нашиот договор за снабдување. Сепак, внимателно се подготвивме за оваа ситуација и се погриживме да нема прекини во мрежата за пренос на гас“, соопшти вчера финската компанија за гас Gasum, додавајќи дека поставила заменски мрежи за снабдување по добиеното известување од Газпром дека од сабота наутро ќе го прекинат снабдувањето со природен гас.

Gasum одби да му плати на Газпром за гас во рубли како што побара Русија од европските земји.

„Газпром експорт го информираше Gasum во петокот попладне, на 20 мај, дека снабдувањето со природен гас за Финска според договорот со Gasum ќе биде прекинато во сабота, 21 мај во 4 часот по Гринич“, рекоа од Gasum.

Компанијата ќе продолжи да ги снабдува финските клиенти со гас од други извори преку гасоводот Balticconnector.

Иако најголемиот дел од гасот што се користи во Финска доаѓа од Русија, гасот сочинува само 5 отсто од годишната потрошувачка на енергија во земјата.

Финска поднесе барање за влез во НАТО оваа недела, потег што ја налути Русија, која долго време се жалеше дека западниот одбранбен блок навлегува премногу блиску до нејзините граници, и која ја започна својата инвазија на Украина, меѓу другото, за да ја запре владата на таа земја да го разгледа членството во НАТО и посилните врски со Западот.

За кои европски земји Русија ја прекина испораката на гас?

Финска не е единствената европска земја на која Русија го прекина снабдувањето со гас.

Минатиот месец руската државна енергетска компанија Газпром го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија, откако тие, како и Финска, одбија да платат за гас во рубли.

Сите три земји-членки се ЕУ, која инсистира плаќањата да продолжат да се вршат во евра; што значи дека и другите членки на Европската Унија би можеле да се соочат со истиот проблем кога ќе дојде време да платат за испорака на тој извор на енергија.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин рече дека планира да разговара со Газпром за можноста за зголемување на испораките на природен гас за Калининград; Руска територија меѓу Литванија и Полска.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе