Русија ја разбира Србија, Украина го покани Дачиќ во посета

Русија го разбира ставот на Србија и притисокот за русофобија, а Украина го повика досегашниот претседател на српското Собрание Ивица Дачиќ да ги посети Киев и Буча за да се увери во руските злосторства, јави дописникот на МИА од Белград.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека поддршката и гласањето на Унгарија и Србија за исклучувањето на Русија од Советот за човекови права на Обединетите нации е пример за принуда на русофобија.

Песков оцени дека „тука не станува збор за разбирање и простување, туку за разбирање на тешката ситуација, тој невиден притисок и принудата на русофобија, пишува Известия.

– Сето ова го доживуваат сите земји кои се обидуваат да заземат некаква избалансирана позиција. Ние тоа го разбираме, изјави Песков за новинарите.

Претходно претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, испрати писмена покана до досегашниот претседател на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, да ја посети Украина.

Во писмото објавено од Амбасадата на Украина во Белград се наведува дека руската пропаганда „со сите можни средства, вклучително и на некои европски медиуми“, се обидува да создаде мислење дека злосторствата на руската армија во Украина се лага.

– Ве поканувам, Ваша Екселенцијо, да ја посетите Украина, гостопримливиот Киев, и ако се согласувате, ќе имате можност да ги посетите градовите Буча или Ирпин и самите да се уверите какви злодела денес се случуваат во среде Европа, што прави руската војска со луѓето, со инфраструктурата што остана по таканаречената „специјална операција“, а всушност по крвавата и подмолна војна, се наведува во писмото испратено до Дачиќ.

Според писмото, таквиот гест би преставувал „уште една потврда за солидарност со нашата држава“.

Претседателот на досегашното Собранието на Србија и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) од почетокот на руската инвазија на Украина во неколку наврати изјави дека Србија не треба да се приклучува кон меѓународните санкции против Русија.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе