Русија ја затвора главната цевка на Северен поток 1 додека траат санкциите

Протокот на гас од Северен поток 1 ќе биде значително намален откако Кремљ одлучи да ја исклучи главната цевка сѐ додека во сила се санкциите од Западот.

Техничките проблеми со испораката на гас во Европа преку Северен поток 1 ќе трааат додека Западот не ги укине санкциите што ѝ ги изрече на Русија поради тековниот украински конфликт, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според неговите зборови, овие ограничувања го попречуваат одржувањето на гасоводот.

На 31 август Газпром целосно ја затвори испораката на гас преку гасоводот. Иако првично беше планирано Северен поток 1 да го обнови транзитот на гас во петок, Газпром најави дека ќе остане затворен на неодредено време поради технички проблеми.

„Проблемите со испораките [на гас] настанаа поради санкциите што ѝ беа наметнати на нашата земја и на голем број компании од страна на западните земји, вклучително и Германија и Обединетото Кралство. Нема други причини зад проблемите со снабдувањето“, истакна Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, тврди дека не е виновен Газпром што „Европејците апсолутно апсурдно донесоа одлука да одбијат да ја сервисираат својата опрема“, што тие се договорно обврзани да го прават.

Песков истакна дека сите операции на Северен поток 1 зависат од „едно парче опрема на кое му треба сериозно одржување“.

Во неделата, неговите коментари ги повтори и Александар Новак, рускиот вицепремиер, кој ја обвини Европската Унија за проблемите што го спречија обновувањето на снабдувањето со гас преку гасоводот.

„Целиот проблем лежи токму на страната на ЕУ, бидејќи сите услови од договорот за поправка се целосно прекршени, заедно со условите за испорака на опремата“, рече тој.

Во петокот, Газпром го откажа рестартирањето на Северен поток 1 поради истекување на нафта во турбината, што беше откриено при заедничка инспекција со производителот Siemens Energy на компресорската станица Портоваја во близина на Санкт Петербург. Дефектот може да се отстрани само во Канада, која воведе санкции против Москва.

И покрај проблемите со одржувањето, Европа ја обвини Русија дека снабдувањето со енергија го користи како оружје, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја опишува Москва како „недоверлив партнер“ во однос на снабдувањето со гас.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе