Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси 8 соучесници во неодамнешниот напад на Кримскиот мост.
„Досега се уапсени пет руски државјани, како и тројца Украинци и Ерменци кои учествувале во подготовките за нападот“, соопштија од ФСБ.
Службата идентификувала најмалку 12 соучесници во подготовките на терористичкиот чин.
„Тројца Украинци, двајца Грузијци и еден ерменски државјанин стојат зад планот да се организира испорака на експлозив од Бугарија прво во Грузија, а потоа во Ерменија. Уште еден украински државјанин, како и пет идентификувани Руси, подготвиле документи за лажна кримска компанија која би го примила експлозивот“, стои во соопштението.
Движењето на товарот низ целата рута било контролирано од вработен во Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана.
За координација на акцијата бил користен виртуелен анонимен број, како и телефон регистриран на жител на Кременчук, стои во соопштението на руската Федерална служба за безбедност.