Русинка „спонтано“ го праша Путин: Можете да живеете со 170 долари месечно?

Рускиот претседател Владимир Путин се соочи со неочекувано прашање од Русинка која го праша дали може да живее со примања од 170 долари месечно.

Путин беше во посета на неговиот роден град Санкт Петербург, каде отиде да положи венец на гробот на неговиот политички ментор Анатолиј Собчак. Околу се собраа љубопитни минувачи и скоро сите го снимаа и фотографираа со мобилни телефони.

Од масата се издвои една жена и спонтано го соочи Путин со прашањето: Ве молам кажете ми дали можете да живеете со 10.800 рубљи (170 долари) месечно?

„Мислам дека е многу тешко“, одговори Путин на прашањето.

„Вашата плата сигурно изнесува околу 800.000 рубљи, претпоставувам“, продолжи жената.

„Па да“, одговори Путин и додаде дека во Русија има луѓе кои заработуваат многу повеќе и дека претседателот „нема највисока плата“.

Жената која живее од социјални примања за лица со инвалидитет, влезе во дискусијата околу трошоците за живот, очигледно сомневајќи се дека Путин има познавања од овие статистички податоци.

Пазарење во продавница чини најмалку 1.000 рубљи, а за сметки за станот требаат најмалку 4.000, рече жената.

Иако Путин супериорно владее во комуникацијата со јавноста при обраќања на голема публика со внимателно подготвени прашања, тој ретко излегува на улица поради непредвидени средби со „обичниот народ“.

За време на неговиот престој во Санкт Петербург, Путин зборуваше за најновите политички иницијативи за подобрување на условите за живеење на семејствата со деца, како зголемување на висината на детскиот додаток и финансиските стимулации за раѓање деца.

„Вие, секако, сте во право, имаме уште многу општествени проблеми кои владата мора да ги реши“, ѝ рече Путин на жената.

„Зошто тогаш не ги решавате?“, му врати таа.

„Ги решаваме“, ѝ одговори Путин.

Потоа жената го замоли Путин да се фотографира со него.

Иако сѐ изгледаше многу спонтано, се поставува прашањето дали ова беше само уште еден трик за публицитет на „вечниот владетел“.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more
 

Вести

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе