Русите повторно им се заканија на Европа и на САД со нуклеарно оружје

Руската државна телевизија предупреди дека Кремљ ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје доколку Украина ја ескалира војната на „нуклеарно ниво“.

Рускиот политички коментатор и претседател на Рускиот институт за Блискиот Исток, Евгениј Сатановски, го изјави ова во видео клип кој брзо стана вирален.

Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, го сподели видеото на својот профил на Twitter на 12 јуни, а видеото досега е прегледано повеќе од сто илјади пати, пренесува Newsweek.

Коментарите уследија откако рускиот претседател Владимир Путин минатиот петок објави дека ќе започне со испраќање нуклеарно оружје во Белорусија на 7 и 8 јули, неколку дена пред договорениот самит на НАТО во соседна Литванија.

„Прашањето е дали ќе дојде до нуклеарна фаза или не? Затоа што ако работите продолжат вака, тоа дефинитивно ќе се случи“, изјави Сатановски на руската државна телевизија.

„И нема да се работи за тактичко, туку за стратешко нуклеарно оружје со кое ќе ја нападнеме Украина, верувајте ми, Соединетите Американски Држави и сите цели кои мора да бидат во центарот на вниманието“, додаде тој. „Тие се таму уште од времето на Советскиот Сојуз, и оние во САД, во Европа и други места каде што е концентрирано американското нуклеарно оружје, каде што има американски воени бази.

„Посакувам на патот кон нуклеарната сцена да го завршиме непријателот без да го преминеме Рубикон. Но, ако треба, што можеме да направиме?" праша Сатановски.

Не е прв пат...

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, руските коментатори и официјални лица изјавија дека Кремљ е подготвен да користи нуклеарно оружје во конфликтот.

Во април оваа година, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека веројатноста за користење нуклеарно оружје - што тој го нарече столб што ја држи земјата заедно - расте секој ден.

Медведев, кој беше претседател на Путин од 2008 до 2012 година, а сега е заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија, често упатува нуклеарни закани.

„Според мене, стравовите од климатските промени не се ништо во споредба со изгледите да се биде во епицентарот на експлозија од 5.000 Келвини, со ударен бран од 350 метри во секунда и притисок од 3.000 килограми на метар квадратен, со продорно зрачење, јонизирачко зрачење. и електромагнетен пулс“, рече Медведев на крајот на април, а неговите зборови ги пренесе руската државна агенција РИА Новости.

„Има ли шанса за тоа денес? За жал да. И тие растат секој ден, од веќе познати причини“, додаде тој.

Претходно, во јануари, во објава на Телеграм во која напиша за поддршката на НАТО за украинската армија, тој рече: „Поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да биде поттик за нуклеарна војна“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе