ОСТАНКИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СИБИР

Русите сакаат да „оживеат“ војска стара 3.000 години

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу навести дека Русија размислува за клонирање на група скитски војници чии останки лежат во Сибир веќе 3.000 години.

Шојгу во април рече дека „би било можно да се направи нешто со ДНК на скитските воини, како со овцата Доли“. Останките лежат зачувани во мразот во сибирската тундра.

„Веќе направивме неколку експедиции, многу работи се потврдени, но има уште многу за работа“, рече Шојгу.

Иако министерот не рече директно дека ќе ги клонира скитските војници, тој го навести тоа со своите изјави.

Скитите биле група на номадски воини, луѓе кои живееле помеѓу 9 и 2 век п.н.е., и се верува дека потекнуваат од територијата на денешна северна Монголија до Иран. На крај отишле на север кон Сибир, но исто така се преселиле низ поголем дел од Евроазија. Нивните останки беа откриени пред две децении во регионот Тува на Сибир.

Етичка дилема

Официјално, денес е невозможно да се клонираат луѓето, и тој процес сè уште останува фикција. Покрај тоа што е тешко изводливо технички, постојат и етички и морални проблеми, а самиот обид би бил незаконски.

Многу луѓе веруваат дека клонирањето ќе даде точна реплика на првата индивидуа, но тоа не е случај. Точно е дека тие физички би изгледале идентично, но карактерот не би бил ист, бидејќи тоа зависи од околината во која расте и живее индивидуата.

Од друга страна, клонирањето животни е реалност и се применува за зачувување на некои загрозени животински видови.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе