Рускиот астролог Павел Глоба открива дека два хороскопски знака ќе имаат најмногу среќа од средината на септември до крајот на 2023 година.

Познатиот руски астролог Павел Глоба неодамна откри дека овие два хороскопски знака ги очекува поволен период кој започнува на 15 септември и завршува на крајот на 2023 година.
Едноставно, среќата е на нивна страна. Еве за кои знаци станува збор и што им носат ѕвездите.
Од 15 септември па натаму, Ракот го очекува период на промени. Можно е да се соочите со проблеми, особено на работа, но не гледајте на ова како казна, туку како можност! Глоба истакнува дека Раковите ќе ги надминат овие предизвици со снаодливост и истрајност и ќе ги претворат во свој голем успех. Целата ваша напорна работа ќе биде наградена. До крајот на октомври можете да очекувате унапредување или зголемување на платата на вашето работно место. Вака или онака, салдото на жиро-сметката на Раковите во голема мера ќе се подобри.
Рибите, пак, имаат среќа кога е љубовта во прашање! Доколку сте сингл, во наредните недели ве очекува судбоносна средба која ќе ви поттикне пеперутки во стомакот и ќе ви ја врати насмевката на лицето. Ова познанство најверојатно ќе се претвори во страсна романса која ќе ви донесе искрено задоволство. Рибите кои веќе имаат семејство или партнер ќе ја подобрат својата врска и ќе ја подигнат на повисоко ниво со многу повеќе топлина, доверба и разбирање.