Сопругата на раперот Енди Картрајт, Марина Кокал е уапсена откако распарчаното тело на музичарот било пронајдено во замрзнувач во нивниот стан во Санкт Петербург.
Неговата шест години повозрасна сопруга ја отфрла одговорноста за убиство и тврди дека раперот починал од предозирање со дрога.
Во полицискиот извештај се вели дека Марина го исекла телото на нејзиниот сопруг на парчиња, ги измила сите внатрешни органи, му ги посолила и конзервирала екстремитетите и ги чувала деловите во замрзнувачот. Раперот починал во понеделникот.
Според непотврдени информации, Марина контактирала со нејзиниот адвокат, објаснила дека нејзиниот сопруг се предозирал и побарала совет.
Вистинското име на Енди Картрајт (Энди Картрайт) е Александр Александрович Јушко. Роден е во Украина, но одамна живеел во Русија. На 17 август требало да полни 30 години.