Руски роботски Терминатор во акција
Руската фондација за напредни истражувачки проекти објави снимка од хуманоидниот робот Федор, кој учи да пука со оружје од двете раце.
Планот за Федор е да биде единствениот патник во руското вселенско летало „Федерација“, чие лансирање е закажано за 2021 година. Акцијата во видеото е со цел да се подобрат моторните вештини на роботот.