Руски спорт го шокира светот на боречки вештини: Буквално го уништува мозокот

Професионалното шамарење, брутален спорт што потекнува од Русија, се здобива со популарност во САД откако натпреварувачкото реално шоу Power Slap започна да се емитува кон крајот на јануари.

Некои од најважните луѓе во УФЦ, меѓу кои и претседателот Дејна Вајт, почнаа да работат на неговата промоција, пишува The Insider.

„Ако се сомневате дека општеството како такво се распаѓа, само гледајте епизода од Power Slap на TBS. Тоа е вознемирувачка и многу лоша содржина од која не можете да го тргенет погледот. Професионално шамарење. Што значи тоа? Ова е доказ колку сме сите заебани. Помогнете ми!“ напиша на Twitter боксерскиот промотор Лу Дибела.

URL
Организирано уништување на мозокот

Дибела сето тоа го нарече „организирано уништување мозок“ и дека тоа нема никаква врска со ММА и УФЦ. Тој додаде дека не може повеќе да го гледа бидејќи се чувствувал ужасно валкано дури и кога го гледал на телевизија.

Борбите со шамарење е во зачеток како спорт во САД. Спортската комисија на Невада го смета за спорт од крајот на минатата година, иако на состанокот на кој беше донесена таа одлука, на која беше и The Insider беа покренати многу сомнежи. Шефот на комисијата од претставникот на УФЦ побара гаранции дека никој нема да умре во Power Slap.

„Дали сте сигурни дека никој нема да умре?“, праша комесарот Стивен Клубек, веројатно мислејќи на случајот со Полјакот Артур Валчак, кој почина на 46-годишна возраст како резултат на учество на таков настан во 2021 година.

„Тоа е приоритет број еден, два и три“, одговори Хантер Кембел и продолжи да брои до десет. „Непотребно е да се нагласи тоа, бидејќи нашата главна цел за време на тестовите беше да утврдиме дека сè е безбедно.

Страшни повреди

Но, тоа не изгледа така ако ги погледнете видеата од натпреварите во овој спорт ширум светот кои се шират на социјалните мрежи. На едно неодамнешно натпреварување во Романија, на еден натпреварувач му беше целосно сменет „личниот опис“, но сепак успеа да победи. Левата страна од лицето му беше страшно отечена, крвареше, усната му беше на страна и изгледаше непрепознатливо.

URL

Неврохирургот и експерт за потрес на мозокот Крис Новински остро го критикуваше спортот. Рече дека тоа е „тажно“ и дека во него луѓето кои не ризикуваат ништо ги изложуваат оние кои многу ризикуваат. Боксерскиот промотер Дмитриј Салита откако го виде видеото од настапот на Комса изјави дека сето тоа е „застрашувачко“.

Го прашавме за коментар за изјавата на Дејна Вајт, кој рече дека Power Slap е помалку брутален од боксот, бидејќи во Power Slap натпреварувачите разменуваат најмногу три удари, а во боксот ги има неколку стотици во текот на мечот.

Боксерската заедница револтирана

„Како член на боксерската заедница, ова ме згрозува. Не знам многу за ММА, знам многу за боксот, но во двете дисциплини тренирате одбрана и напад. Тоа е форма на уметност и убаво е, и оние кои се разбираат знаат колку се бара од спортистот и колку е тешко да се совлада техниката.

Не постои во оваа форма на забава. Имате време совршено да се поставите, а противникот воопшто не може да се одбрани, туку мора да стои во место и да го прими ударот. Тренинзите ќе напредуваат, ударите ќе напредуваат и последиците ќе бидат сè потешки. Потреси, скршени заби и вилици. Страшно е, сосема лудо“, изјави Салита и додаде:

„Тоа нема никаква врска со спортот. Мора да има некој начин на одбрана бидејќи ова е опасно. Овие луѓе се онесвестуваат како да се удрени со бејзбол палка. Тоа не придонесува за боречките вештини на кој било начин, многу помалку за општеството како такво“.

„Тоа не е спорт“

Елитниот боксер Рајан Гарсија беше шокиран од она што го виде во Power Slap. Веднаш на Twitter напиша дека ова натпреварување треба да се прекине, а со него се согласува и претседателот на Showtime, Стивен Еспиноза, чија телевизија ќе го пренесува големиот меч меѓу Гарсија и Жервонт Дејвис.

„Тешко ми е ова да го наречам спорт. Има аспект на издржливост, но се сè сведува на тоа кој може посилно да удри без одбрана. ММА и боксот се опасни, но дел од тие спортови е одбраната. Единственото нешто што можете да добиете тука е потрес на мозокот... Не го поддржувам тоа“, заклучи Еспиноза.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе