Руските банки се префрлаат на кинескиот UnionPay

Потегот треба да го ублажи ударот на западните санкции по руската економија по повлекувањето на Visa и MasterCard од Русија.

Во неделата неколку руски банки објавија дека имаат намера да почнат да издаваат картички преку кинескиот UnionPay (银联) систем за кредитни и дебитни картички.

Овој чекор доаѓа кратко откако Visa и MasterCard одлучија да ги замрзнат своите активности во Русија и да ги исклучат сите руски банки од нивниот систем на наплата. Преку UnionPay корисниците на Visa и MasterCard картички ќе можат да добијат нови и да ги користат за плаќања и повлекување пари како во Русија, така и во странство.

Во саботата меѓународните даватели на финансиски услуги Visa и MasterCard објавија дека донеле одлука да ги замрзнат своите операции во Русија и тоа во наредните неколку дена, со тоа придружувајќи се на низата санкции кои Западот ѝ ги наметнува на Русија поради воената интервенција во Украина. Со овој чекор граѓаните кои поседуваат Visa и MasterCard картички издадени во Русија нема да можат да ги употребуваат надвор од земјата. Воедно, нивните картички издадени во други земји нема да бидат употребиви во Русија.

Visa и MasterCard се само два од низата светски брендови кои се повлекуваат од рускиот пазар поради вооружениот конфликт во Украина. Претходно компании како PayPal, Netflix, Intel, Inditex, Airbnb и Rolls Royce објавија нивно повлекување.

Руските банки, вклучително и најголемата Сбербанк, како и Альфа-банк и Тинькофф Банк веќе објавија дека се префрлаат на UnionPay. Со овој кинески оператор од претходно соработка веќе имаа помали банки како Почта Банк, Газпромбанк, Промсвязьбанк, Совкомбанк и други.

UnionPay е меѓународен давател на финансиски услуги основан во 2002 година, а доби меѓународен статус во 2005. Седиштето е во Шангај, а компанијата е раширена во над 180 земји во светот вклучувајќи ги и Грција, Србија, Хрватска, Унгарија, Австрија, Швајцарија, Германија, Шпанија, Италија, Полска, Португалија, Израел, Мексико, Тајланд и Индија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе