САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје

САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје што го правеа според новиот договор СТАРТ за ограничување на нуклеарниот арсенал (СТАРТ 3), последниот таков документ што пропаѓа.

Официјални лица во Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот синоќа рекоа дека САД ѝ ги понудиле информациите на Русија дури и откако претседателот Владимир Путин ја повлече Русија од договорот минатиот месец, но Москва го извести Вашингтон дека нема да му ги даде своите податоци.

Затоа, „поради неусогласеност на Русија со обврските од тој договор, САД нема да ги достават своите податоци на Русија, со цел да ја охрабрат Русија да се врати на своите договорни обврски“, изјави за новинарите претставникот на Стејт департментот, Ведант Пател.

Белата куќа, која претходно ја обвини Русија за повеќекратно прекршување на договорот, рече дека одбивањето на Русија да се придржува до него е „правно неважечко“ и дека одлуката за откажување од давањето податоци за нуклеарното оружје е уште едно прекршување.

Новиот договор СТАРТ 3, познат и како Нов СТАРТ, потпишан од тогашните претседатели Барак Обама и Дмитриј Медведев во 2010 година ги ограничува двете земји на не повеќе од 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени проектили и бомбардери и инспекции за проверка.

Нема инспекција од 2020 година поради пандемијата со коронавирусот. Договорот за продолжување требаше да биде во ноември 2022 година, но Русија се откажа, повикувајќи се на американската поддршка за Украина, а во февруари оваа година Русија формално го прекина своето учество во договорот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе