Салма Хајек: Вајнстин ми врескаше „Не те ангажирав за да бидеш грда“

Четири години откако објави напис во The New York Times во кој опишува како била злоставувана од Харви Вајнстин, познатата актерка Салма Хајек повторно коментираше на истата тема, овој пат во интервју за The Guardian.

Кога напиша статија за The New York Times во 2017 година, Хајек објасни како изгледало злоставувањето што го претрпела на сетот на филмот „Frida“, но и на други проекти. Таа во овој текст напиша и колку пати морала да каже кратко и јасно „не“.

„Не да се тушираме заедно. Не да ме гледа како се бањам. Не да ме масира. Не да ме масира другар му. Не да ме задоволува орално. Не да имам врска со друга жена. Не, не, не. не .. Колку повеќе одбивав, толку повеќе се лутеше“, напиша Хајек.

Новинарката на The Guardian пишува дека актерката не била воодушевена од идејата да зборува за својот насилник и дека ја поттикнала за разговорот објаснувајќи ѝ како и самата поминала низ тортурата на Вајнстин.

„Сега сакам да ве интервјуирам! Во мојот текст од 2017 година, повеќе се фокусирав на вербална отколку на сексуална злоупотреба. Имаше жени кои поминале низ полоши работи со него и има многу кои поминале низ полоши работи со други мажи. Вајнстин не е единствениот маж кој се гради себеси преку уништување на жените“, вели Хајек.

Додаде дека некако ја нормализирала вербалната злоупотреба за полесно да се справи со целосната ситуација.

„Се тресев и паѓав во депресија, но се чинеше многу малку во споредба со другиот дел од злоупотребата. Понекогаш ми се јавуваше (додека ја снимавме „Фрида“) да ми вреска: 'Зошто ти се споени веѓите? Од каде ти се мустаќите? Не ти плаќам за да бидеш грда!' Ќе одговорев: 'Дали некогаш си видел фотографија од Фрида Кало? Ако некој го игра Сиран де Бержерак, сигурно нема да му кажеш 'Што не е во ред со твојот нос?''“, открива таа.

На прашањето дали сè уште стои зад своето мислење дека Вајнстин никогаш не ја силувал затоа што е пријател со Роберт Родригес, Квентин Тарантино и Џорџ Клуни - таа многу кратко одговори: „...И затоа што сум исклучително силна“. Објасни и дека Вајнстин не ја сметал за слаба жена бидејќи не сакала да му дозволи.

Додаде дека Вајнстин не е единствениот маж кој злоставувал жени во Холивуд: „Тој не е ниту прв, ниту последен. Ние сме девојки, жени... Научуваме да бидеме храбри. Не е лесно, но тоа е нешто што мораме да го направиме“.

Хајек верува дека мажите поминале низ идентичен облик на злоупотреба додека работеле во оваа индустрија: „Една од моите моќи е што не се сеќавам на злото. Им простувам на луѓето и верувам дека можам да се променат. Не сакам никого да клеветам. Само сакам такви работи да престанат да се случуваат“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе