Само со Lada e возможен ваков маневар
Од Русија редовно стигнуваат видеа од разни сообраќајни незгоди и несреќи, нова ова видео е едно од најневеројатните. При еден обид на несовесниот возач да сврти на раскрсница со својата Lada, тој не го забележува автомобилот што доаѓа, а резултатот од тоа е судар.
Сепак интересниот дел следува потоа, бидејќи возачот прво излетува од совозачката врата, а неговата Lada прави полокружно свртување за на крајот самата уредно да се паркира, на начин на кој може да и завидат и автомобилите со најсовремената автономна технологија.