НБА 2022/2023

Сан Франциско не е место каде шампион предава прстен: Голден Стејт ја врати серијата во Лос Анџелес

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ноќеска намалија на 3-2 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција.

Актуелните шампиони ноќеска се соочија со елиминација, но победија со 121:106 и ја продолжија серијата.

Вориорс до победата беа предводени од Стеф Кари кој постигна 27 поени и запиша 8 асистенции, потоа Ендрју Вигинс со 25 поени, 7 скока и 5 асистенции, како и Дрејмонд Грин со дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скокови.

Кај гостите од Лос Анџелес најефикасен беше Леброн Џејмс со 25 поени и 9 скока, а Ентони Дејвис додаде 23 поени и 9 скока.

Remote video URL

Лејкерс имаат уште две шанси да се пласираат во финалето на Западната конференција. Следниот натпревар, шести во серијата, ќе се игра во петок навечер во Лос Анџелес, или по македонско време во 4 часот утрото во сабота.

Во вториот натпревар одигра ноќеска Њујорк Никс се најде во иста ситуација како Голден Стејт - исто така победи и ја продолжи серијата. Никс го победија Мајами Хит со 112:103 и намалија на 3-2, но Хит се домаќини во следниот натпревар и ќе имаат можност да ја завршат работата и да влезат во финалето на Истокот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Кошарка

Чудесниот Јокиќ постигна 55 поени, Кари се истакна со 46, само 19 за Дончиќ

Read more

Јокиќ го уништи Сакраменто и продолжи со походот по четвртата МВП титула

Read more

Дончиќ ретко забива, но кога забива, го прави тоа мајсторски

Read more

Јокиќ ја продолжи доминацијата, неочекуван пораз за очајните Лејкерс

Read more
 

Спорт

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе