Санкционирани 383 возачи на патиштата

Во текот на вчерашниот ден (20.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола при што се санкционирани вкупно 383 возачи за различни прекршоци.

На автопатот Гевгелија-Куманово се санкционирани 122 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково. При тоа санкционирани се 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Покрај тоа, од сообраќај се исклучени 12 возила поради други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли и на територијата на град Скопје каде се изречени вкупно 199 мерки, од кои 23 за возење без возачка дозвола, 49 за управување со брзина поголема од дозволената, 29 мерки за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 7 за некористење на сигурносен појас и 29 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелираат од МВР.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Хроника

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе