Саша Барон Коен и Исла Фишер се разведуваат по 13 години брак

Саша Барон Коен и неговата сопруга Исла Фишер објавија дека се разведуваат по 13 години брак.

Актерската двојка ја сподели веста за нивниот развод во заедничко Story на Instagram.

„По долг тениски меч кој траеше повеќе од дваесет години, конечно ги спуштаме нашите рекети. Во 2023 година заеднички поднесовме барање за развод“, се вели во објавата.

„Отсекогаш сме имале приоритет на нашата приватност и работиме на оваа промена. Засекогаш ја споделуваме нашата посветеност и љубов кон нашите деца“, напиша Исла.

Фишер и Барон Коен се венчаа на 15 март 2010 година и имаат три деца.

Тие првпат се сретнаа во 2001 година на забава во Австралија, долго пред Коен да се прослави со филмот Borat од 2006 година.

„Таа беше урнебесна. Бевме на многу претенциозна забава и се поврзавме во шегувањето на сметка на другите луѓе на забавата“, се присети Барон Коен на нивната прва средба во интервју за The New York Times во 2020 година. „Веднаш знаев дека тоа е тоа“.

Парот се сврши во 2004 година, а три години подоцна го добија своето прво дете.

Потсетуваме, во својата нова книга, која беше објавена на 2 април, актерката Ребел Вилсон го обвини Барон Коен за непримерно однесување на сетот на филмот Grimsby од 2016 година, што предизвика голем скандал.

Вилсон тврдеше дека актерот „сексуално ја вознемирувал“ на филмскиот сет и дека „тој се пали кога прави на другите да им е неудобно“.

Актерот остро ги отфрли обвинувањата, но не се знае дали сето тоа доведе до крај на неговиот брак.

реклама

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Скопје за време на Прва светска војна

Read more

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Read more

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Read more

Филм & ТВ

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Read more

Прв тизер со Лиам Хемсворт како Witcher, сите го коментираат истото

Read more

Деми Мур по 25 години се врати во Кан, публиката ѝ аплаудираше 13 минути

Read more

Полициска истрага за смртта на Метју Пери: Кој му го дал кетаминот?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер со Лиам Хемсворт како Witcher, сите го коментираат истото

Читај повеќе
  • filter

Деми Мур по 25 години се врати во Кан, публиката ѝ аплаудираше 13 минути

Читај повеќе

Полициска истрага за смртта на Метју Пери: Кој му го дал кетаминот?

Читај повеќе

The Rock изгледа непрепознатливо во неговата нова улога

Читај повеќе
  • play_arrow

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Читај повеќе