Сателитите на SpaceX ги исплашија жителите на Истанбул
Жителите на Истанбул и северозападните градови во Турција забележаа чудни сјаења на небото во саботата ноќе. Многумина мислеле дека се работи за неидентификувани летечки објекти (НЛО).
Сепак, станува збор за Starlink сателитите поставени од американската вселенска компанија SpaceX.
Проектот, којшто чини 10 милијарди долари, наречен Starlink, има за цел да се создаде мрежа од сателити заради посигурни и подостапни интернет-услуги.