Се одржа погребот на Арета Френклин: Настап на Аријана Гранде, Бил Клинтон одржа емотивен говор

Музичари, семејство, пријатели и обожаватели, сите се збогуваа од легендарната кралица на соул музиката, Арета Френклин, која е погребана во Детроит. Целата церемонија на погребот траеше седум часа.

Тоа беше и прослава и тагување за една голема жена каква што беше Арета, а масата луѓе спонтано и заигра.

Меѓу познатите кои настапија во нејзина чест беа Аријана Гранде, Чака Кан  и Стиви Вондер.

Во поворката која ја испраќаше, беа забележани вкупно 140 розови Cadillac автомобили, а нејзиното тело беше во златен ковчег.

На Арета и беше оддадена почит, не само како на кралица на соул музиката, туку и како на тетка, баба, пријателка и активист во борбата за човекови права.

„Причината поради која сме сите ние денеска тука е љубовта. Сите ја сакавме. Секогаш ќе те сакам“, рече Стиви Вондер, па ја испеа песната „As“.

Аријана Гранде го отпеа големиот хит „A Natural Woman“.

Големиот обожавател на музиката на покојната соул легенда, поранешниот американски претседател Барак Обама, не можеше да присуствува на погребот, меѓутоа испрати писмо, кое беше прочитано на церемонијата.

„Преку својот глас, Арета подигна милиони луѓе охрабрувајќи ги и инспирирајќи ги чувствителните, угнетените и сите оние на кои им треба малку љубов“, напиша Обама во својата порака.

Честа лично да зборува за покојната музичарка, ја имаше и Бил Клинтон.

„Тоа беше глас на генерацијата, можеби и на векот, а работеше и во годините кога никој не и посветуваше внимание. Живееше храбро, надминувајќи го секој страв, живееше со верба, живееше моќно. Ја сакав“, рече тој.

Градоначалникот на Детроит најави дека размислува името на градскиот парк да го преминува во „Парк Арета Френклин“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе