Се оствари сонот на Бин Салман: Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот 2034

Веќе нема дилеми - Саудиска Арабија ќе го организира Светското првенство во фудбал во 2034 година. Имено, рокот за пријавување кандидатура истекува денеска, а Саудиска Арабија е единствениот пријавен кандидат, па јасно е дека ќе ѝ биде доделена организацијата на овој голем спортски настан.

Австралија требаше да биде вториот кандидат, но денеска и официјално се откажа од кандидатурата откако Азиската фудбалска федерација јасно застана на страната на Саудијците.

„Сакавме да се пријавиме за домаќин на Мундијалот, но откако ги разгледавме сите фактори, решивме да се повлечеме“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Австралија.

Австралијците додадоа дека наместо Мундијалот 2034 ќе се насочат кон добивање на организацијата на Азискиот куп 2026 за жени, како и на Светското клупско првенство на ФИФА во 2029 година.

URL

Да потсетиме, откако Мундијалот во 2022 година се одржа во Азија (Катар), следното во 2026 година ќе биде во Северна и Централна Америка (САД, Канада, Мексико).

Со оглед на тоа што за организатори на Мундијалот 2030 се избрани Уругвај, Аргентина, Парагвај (Јужна Америка), Мароко (Африка), Шпанија и Португалија (Европа), јасно е дека преку системот на ротација редот за 2034 година ќе биде на азиската земја, а принцот Мохамед бин Салман тука ја виде својата шанса и направи сѐ за Саудиска Арабија да ја добие организација. Саудиска Арабија беше кандидат и за тој Мундијал, и тоа заедно со Египет и Грција, но ја повлекоа кандидатурата.

Бин Салман со Џани Инфантино и Владимир Путин на дуелот Русија - Саудиска Арабија на Мундијалот 2018

Останува само претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, официјално да ја прогласи Саудиска Арабија за домаќин на Мундијалот 2034 за дефинитивно да имаме две светски првенства во пустински земји во рок од 12 години.

Она што е особено интересно е што Саудијците, за разлика од нивните соседи од Катар, не сакаат да го организираат Мундијалот во декември, туку во јуни и јули, кога температурите во нивната земја можат да надминат 50°C.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе