Се прават калкулации за новата цената на струјата од 1 јануари

Во моментов се прават калкулации за евентуалната цена на електрична енергија од 1 јануари, но Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Она што во моментов се прави е калкулациите и дискусиите на релација на задолжените министерства и задолжените претпријатија во државата во поглед на определувањето на цената на електрична енергија за идното полугодие почнувајќи од 1 јануари. Клучно е, повеќе елементи има во цената на електричната енергија бидејќи ЕСМ не произведува електрична енергија само за ЕВН Хоум, туку тоа произведува електрична енергија и за загубите во мрежа и исто така за делот којшто е потребен и за дистрибуција, што значи дека не може да се каже дали една цена ќе биде 48 евра, туку се работи за три ценовни категории коишто влијаат на финалната цена која што ја добиваат купувачите, рече премиерот Ковачевски.

Можам да потврдам, потенцираше тој, дека „Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните“.

- За сите граѓани како што не дозволивме и досега, и исто така ќе се потрудиме да се определи цена на електрична енергија со зголемено производство на електрична енергија бидејќи на тој начин може да се намали цената која што ќе овозможи и релаксирање на регулираниот пазар во делот на малите потрошувачи каде има 72 илјади компании кои вработуваат 98 проценти на вработени во државата, рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека не може да ја знае финалната цена на струјата, но дека ќе нема ценовен шок за граѓаните.  Цената на струјата, вели тој, зависи прво од одлуката на РКЕ која решева независно, додека цената на електрична енергија која што државното производство на електрична енергија ја продава на ЕСМ зависи од трошоците на производство, како и од економијата на обем која што ја постигнува. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе