Се проширува истрагата против инфлуенсерот Ендрју Тејт

Романската полиција ја проширува истрагата против поранешниот кик-боксер и инфлуенсер Ендрју Тејт, откако заплени голем број негови луксузни автомобили паркирани во гаража во Букурешт за време на викендот и изврши рација во неколку негови имоти, вклучително и реновираната вила во подножјето на Карпатите.

Колона камиони викендов помина низ неколку имоти на Ендрју Тејт кој е осомничен за трговија со луѓе, носејќи завидна колекција луксузни автомобили кон полициските простории.

Некои веруваат дека новата заплена е знак дека романските власти се подготвуваат за следната фаза во случајот и обезбедуваат средства за обештетување на жртвите доколку Ендрју Тејт или неговиот брат Тристан бидат обвинети за трговија со луѓе.

Во текот на изминатата недела полицијата извршила седум рации, што покажува дека истражителите ја прошируваат потрагата по докази. Во градот Комарнику, каде што се наоѓа вилата на Тејт, полицијата била во четвртокот. Соседите рекоа дека целиот имот бил реновиран минатата година и целосно завршен пред само неколку месеци, пишува BBC.

Луксузна вила

Веднаш до влезот во луксузната вила има блок згради со евтини станови. Куќата внатре го има целиот луксуз што можете да го замислите, поделена е на два стана и има базен.

Како Ендру Тејт заработил толку пари за сите луксузни автомобили и куќи е дел од истрагата.

Полицијата сè уште истражува дали инфлуенсерот ги намамил жените во Романија со ветување за сериозна врска или брак за потоа да ги принуди или манипулира да работат за него во индустријата за забава за возрасни.

Се истражуваат и неколку обвинувања за силување.

Две жени застанаа во одбрана на Тејт

Инспекторите потврдија дека идентификувале шест жени како потенцијални жртви. Но, минатата недела, двајца од нив јавно негираа какво било непримерно однесување на едниот брат. И двете жени имаат тетоважи „Сопственост на Ендрју Тејт“ и „Девојката на Тејт“ и работеле во неговиот комплекс во Букурешт каде што Тејт живее со својот брат и жените кои наводно работат за неговиот виртуелен бизнис за забава за возрасни.

Во интервју за романската телевизија Antena 1, една од жените по име Беатрис изјави дека со браќата Тејт е добра пријателка веќе две години и дека тетоважата „Девојката на Тејт“ ја направила од почит кон нив. Друга жена, Јасмин, рече дека никогаш не видела ниту еден од нив да биде агресивен или груб.

„Никогаш не ми се закануваа. Да беше така, немаше да бидам толку глупава и да останам во иста куќа со нив. Не можете да ме вклучите во случајот како жртва бидејќи не сум“, изјавила Беатрис.

Опишувајќи го моментот кога полицијата првпат извршила рација на имотот во декември, Беатрис рече дека 20 полицајци упаднале и веднаш се качиле на катот каде што двете жени се заклучиле во своите спални соби во страв од полицијата.

„Случајот испраќа силна порака“

Не е сосема јасно какви докази собрале истражителите досега, а што се однесува до изјавите на соработниците на Тејт, тие се контрадикторни.

Обвиненијата сè уште не се покренати, но Михаела Драгуш, портпаролка на романската Национална агенција за борба против трговијата со луѓе, рече дека случајот веќе испраќа силна порака и до шверцерите, и до жртвите.

„Фактот што правниот систем одлучи да ги држи браќата во притвор, дури и за време на прелиминарната истрага, испраќа многу важна порака“, рече таа.

Во едно од видеата објавени на социјалните мрежи, Ендрју Тејт објаснува зошто се преселил во Романија во 2017 година:

„Една од причините е ерата на #MeToo исповеди. Луѓето велат: Ти си силувач. Не, јас не сум силувач, но ми се допаѓа идејата да можам да правам што сакам, ми се допаѓа да бидам слободен. Ако некоја жена отиде во романската полиција и рече: Ме силуваше вчера. Ќе речат - во ред, но каде ти се доказите? Дали има снимки од надзорните камери?“

Се разбира, ова не е доказ дека Тејт е вмешан во трговија со луѓе или силување, но неговата проценка за пристапот на романската полиција кон сексуалните злосторства не е погрешна, истакнува Лаура Стефан, правна експертка која се бори против корупцијата.

„Од една страна, тој е во право. Слушајќи го како објаснува зошто дошол во оваа земја, можам да го разберам тоа. Мислам дека, за жал, добро проценил“, рече таа.

Романските власти под лупа

Сепак, додава дека работите се менуваат: „Романија има сериозен проблем со трговијата со луѓе и мислам дека романските власти сфатија дека мора да се справат со тоа. Ова значи не само истрага, туку и работа со жртвите и обезбедување поддршка“.

Последниот извештај од минатата година покажува дека Романија постигнала напредок во борбата против трговијата со луѓе, но уште постои силно сомневање дека во тоа се вклучени и самите службеници на различни нивоа, поради што работите не се менуваат доволно брзо.

Овој случај, кој вклучува контроверзен и познат британски државјанин, повторно го покрена прашањето во Романија и како земјата се бори против организираниот криминал и сексуалната експлоатација.

Полицијата има уште помалку од две недели да одлучи дали ќе поднесе обвинение против браќата Тејт или ќе најде доволно докази за да го натера судијата да им го продолжи притворот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе