Сѐ што е погрешно со „The Secret Life of Pets 2“
Дечките од Cinema Sins беа немилосрдни во нивната анализа на продолжението на боксофис хитот „Secret Life of Pets“.
Анимираниот филм од 2019 година во режија на Крис Рено беше направен со буџет од 80 милиони долари, а заработи 433 милиони долари на киноблагајните, но многу критичари не беа баш задоволни од содржината на вториот дел, во споредба со првиот.