Сè што е погрешно со „Star Trek Beyond“
Научно-фантастичниот филм „Star Trek Beyond“ е прилично забавен филм кој доби позитивни критики за визуелните ефекти и акционите сцени. Филмот е посветен на младиот актер Антон Јелчин, кој загина трагично еден месец пред премиерата, како и на неговиот колега Леонард Нимој, кој почина во текот на продукцијата.
Филмот, со буџет од 185 милиони долари, оствари заработка од 343,5 милиони долари на бокс-офисот. Но, третиот дел од новиот Star Trek серијал не остана имун на критики, па така Cinema Sins во ова видео прикажуваат што сè е погрешно со филмот.