Сè што треба да знаеш за Red Bull TV

Ако си од оние луѓе кои за рекордно време ја изгледаа последната сезона на Casa de Papel и сè што "вреди" на Netflix, го срушија митот за рецептите на Tasty дека постојат само за на камера и од својот дом си направија вежбална тогаш нашиот предлог за што да правиш по дома е: Гледај Red Bull TV

Red Bull TV
Фото: Амел Амед

Red Bull TV e онлајн платформа на Red Bull која ти дава крилја ака "карти од прв ред" за следење на животните авантури и приказни на најлудите светски адреналински атлети, но и ти дава можност да се запознаеш со најдоброто и најновото од областа на музиката, танцот, автомобилизмот, мото спортовите и се што поддржува и промовира Red Bull.

Океј звучи интересно, но сепак пред да пуштиш плеј, како и секој друг нормален, би си го поставил следново есенцијално прашање: "Е да бе сеа ќе глеам Red Bull TV, покрај сите други платформи...зошто баш тоа да гледам? Интересно прашање, мораме да признаеме. 

Ќе се обидеме да одговориме на твоите дилеми со 3 сериозно-добри-причини зошто и каде можеш да гледаш Red Bull TV и со 3 филмски препораки од кои ќе ти застане здивот и ќе почнеш да размислуваш да живееш според максимата "life is too short maaan...".

Фото: Амел Амед

Значи се работи за бесплатна онлајн платформа, без присуство на близнаците "Sign In & Log In", на која можеш да најдеш огромен избор на видеа, серијали, филмови, документарци и ТВ канал во живо на кој што 24/7 се прикажува различна содржина. 

Вторo, сето погоре споменато можеш да го пратиш, во било кое време, без разлика дали ќе потрошиш 5 минути или 5 часа, на Red Bull TV апликацијата која е бесплатна, компатибилна на сите уреди и софтвери (IOS, Android, Apple, Amazon, Sony Playstation, XBox, Roku и др.) и повеќе од спремна да ти понуди високо квалитетна содржина, соодветна на твоите очекувања. 

И како трета и последна причина би го издвоиле фактот дека се работи за поинаква онлајн видео платформа од сите останати поради тоа што жанровски не е лимитирана на само екстремни спортови, туку нуди фина селекција од најдоброто од светот на диџеите, танчарите, гемјерите и др., а сето тоа спакувано и презентирано во духот и стилот на Red Bull.

Сега кога веќе ти е јасно дека е кул да гледаш Red Bull TV, остани фокусиран уште некој параграф затоа што следуваа 3 филмски препораки.

Wingmen 

Тема: Base Jumping
Компатибилен за: сите оние кои сонуваат да живеат во воздух
Главни актери: Jokke Sommer, Espen Fadnes и Ludovic Woerth
Времетрање: 52 минути

Накратко се работи за пат околу светот на тројцата најдобри wingsuit летачи во светот, во потрага по најекстремните локации за перфектен лет. Од Бразил преку Алпите до Кина. Звучи импресивно.

Assembly Required

Тема: Музика/Танц
Компатибилен за: сите оние кои не можат без музика и колкова акција
Главни актери: Teyana Taylor
Времетрање: 70 минути

Ако го имаш гледано спотот за песната "Fade" на Kanye, тогаш дефинитивно ја примети една од најзгодните танчарки во светот, Teyana Taylor. Assembly Required е филм кој го следи креативниот процес на подготовка на најголемото шоу на Teyana, House of Petunia и нејзиниот феноменален настап на Red Bull Music Festival New York.

Part of the Game

Тема: Гејминг
Компатибилен за: вљубеници во видео игрите
Времетрање: 2 Сезони

Part of the Game е серијал од 2 сезони во кои се истражува влијанието и ефектите на различните светски метрополи и култури (Берлин, Сеул, Москва, Париз..) врз уникатниот виртуелен гејмерски свет. 


Автор: Бранислав Спировски
 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе