Се урна хеликоптерот Ingenuity и ја заврши мисијата на Марс

Хеликоптерот Ingenuity, кој влезе во историјата со првиот лет на Марс, претрпе штета што ја заврши неговата мисија на Црвената планета, јавува BBC.

Американската вселенска агенција НАСА објави дека хеликоптерот морал да изврши „итно слетување“ при што му биле оштетени пропелерите. Првото вештачко летало кое летало на друга планета покрај Земјата го дочека својот крај. Сепак, Бил Нелсон од НАСА рече дека Ingenuity има завршено многу повеќе мисии од првично планираните и дека го отворил патот за идните летови во нашиот Сончев Систем.

Ingenuity останал во исправена положба, но фотографиите направени од роверот Perseverance покажуваат дека барем еден од неговите пропелери е оштетен и повеќе не може да лета. Се истражуваат околностите под кои настанала штетата.

Remote video URL

Хеликоптерот пристигна на Марс во февруари 2021 година во внатрешноста на роверот Perseverance. Беше наменет да послужи како краткорочна демонстрација на технологија која овозможува лет во ултра тенката атмосфера на Марс. Откако успеа во тоа, станал поддршка на роверот Perseverance во истражувањето на областите од интерес на Марс, а истовремено му помагаше на роверот и неговите оператори на Земјата да ја изберат најдобрата траекторија.

Пред да ја заврши мисијата во четвртокот, Ingenuity изврши 72 лета и леташе 14 пати подалеку од првично планираното.

Многумина ќе жалат за симпатичниот хеликоптер, но крајот дојде во вистинско време. Роверот Perseverance ќе оди на долги и брзи возења додека бара пат до работ на кратерот Језеро. Да останеше функционален, хеликоптерот веројатно ќе се бореше да остане во чекор со Perseverance.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе