Се вселил во канцеларија за да не плаќа кирија, по 4 дена добил отказ

Американецот Сајмон Џексон стана хит откако објави видео како се вселува во својата канцеларија. Како што објасни, не бил доволно платен за да си дозволи стан, па решил да протестира против својот работодавец. Видеото собра преку 13 милиони прегледи, а Сајмон набрзо беше отпуштен.

Откако компанијата во која работи Сајмон се префрлила на работа од дома поради пандемијата со коронавирусот, тој одлучил како ниско платен вработен да се пресели во канцеларијата која најчесто била целосно празна.

Објави видео на својот TikTok профил како го подготвува својот нов „простор за живеење“ и се снимал како отпакува куфер со облека, материјали и други лични предмети.

„Се селам од мојот стан во кабината на работа. Не ми плаќаат доволно за да работам во канцеларија и да имам стан, па затоа ќе живеам на работа во знак на протест. Ќе видиме до кога ќе издржам“, напиша Сајмон, сместен во центарот на Сиетл.

@calm.simon

Check out my new apt

♬ original sound - Calm Simon

Откако неговото прво видео собра преку 13 милиони прегледи, Сајмон продолжи да го документира својот живот и успеа да помине четири дена.

„Технички, никогаш не можете да доцните на ваква работа“, беше воодушевен Сајмон.

Неговиот план тргнал наопаку кога работодавачот дознал што направил Џексон. Го принудил да го напушти новиот „дом“, а одделот за човечки ресурси по објавените видеа побарал од Сајмон да ги избрише.

„Тоа се случи многу порано отколку што очекував. Но, ви благодарам што ме следевте. Ова е крајот на ова поглавје, но не е последното што ќе го видите од мене", напиша Џексон, додавајќи дека веројатно ќе живеел таму засекогаш ако не снимал.

Во видеото објавено во вторникот Џексон ја информираше својата публика дека на крајот добил отказ, но заблагодарувајќи им се за бројната поддршка и љубов што му ја покажале. Тој исто така рече дека сега размислува да заработува од TikTok.

„Собрав толку многу критики, па можеби ќе можам да направам нешто од тоа. Ако не успее, секогаш можам да најдам друга работа“, рече тој, додавајќи дека не е исклучено повторно да се занимава со канцелариска работа.

@calm.simon Reply to @sarahlempa don't cry because it's over, smile because it happened #homingfromwork ♬ original sound - Calm Simon

„Ова беше забавно. Сите го знаевме крајниот резултат, но се надевавме на најдоброто“, напишал еден корисник.

„Ти си легенда“, порача друг.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе